
Вистински трилер натпревар одиграа Брегалница и Aкадемија Пандев денес на „градски “ во Штип. Гостите од Струмица одиграа силно и фајтерски со вистински пресинг од првата минута на натпреварот и не за џабе се лидери на прволигашката табела. На два пати имаа и водство, но упорноста на играчите на Марјан Секуловски донесе пресврт зачинет со прва прволигашка победа. Струмичани дојдоа во водство од 0:1 во 16 м. со голот што го постигна Кристјан Велиновски. До крајот на првото полувреме и домашните и гостите имаа изгледни шанси за гол, но на одмор се отиде со резултат 0:1, водство на Академците.
Во второто полувреме тренерите на обете екипи направија повеќе замени со што играта дови на динамика и со опасни контра напади на обете страни. Брегалница го израмни резултатот на 1:1 во 66 м. со голот што го постигна Никола Ескиќ. Во екот на притисокот на Брегалница гостите се заканаува со брзи контранапади и од една таква акција А.Пандев постигна гол за резултат 1:2 а стрелец беше Мартин Мирчевски во 73 м. Играчите на Брегалница не се откажуваа, набрзина изведоа повеќе корнери и ја воспоставија рамнотежата на теренот што резултираше со израмнување на резултатот. Стрелец на голот за резултат 2:2 беше Милан Џокиќ во 83 м. Судијата Александар Ставрев поради неколкуте прекини поради повреди на играчите и поголемиот број на замени ја продолжи играта за 5 минути. Во ова судиско надополнување на времето, скоро во последните секунди дојде до ерупција од воодушевување на трибините на градски откако Марјан Алтипармаковски постигна гол за резултат 3:2 и за голема, воедно прва прволигашка победа на Брегалница. Тешко постигната, но сосема заслужена победа на Брегалница и покрај констатацијата дека играчите на Академија Пандев се одлично фудбалски потковани и одограа мошне добро. Судијата Александар Ставрев стандарден во своите одлуки со единствена замерка бидејќи на пеколно топлото време како да заборави на оној судиски ТАЈМ – АУТ за освежување на играчите и вo првото и во второто полувреме.Еве ги комплетните резултати од ова 5 коло:
- Брегалница – А. Пандев 3:2
- Тиквеш – Струга ТЛ 1:1
- Македонија ЃП – Борец 3:2
- Пелистер – Шкендија 2:2
- Ренова – Работнички 1:1
- Шкупи – Скопје 4:1
Табела
- Шкупи 10
- А. Пандев 10
- Струга ТЛ 9
- Македонија ЃП 9
- Ренова 8
- Работнички 8
- Брегалница 7
- Шкендија 6
- Скопје 5
- Борец 4
- Тиквеш 2
- Пелистер 1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk