Драган Ристов новинар претворен во уметник

Драган Ристов е новинар, за себе вели дека е самоук уметник и аматер, иако три ипол децении твори најчесто само со молив и го истражува и практиукува хиперреализмот, уметнички правец во визуелната уметност, кој многу наликува на фотографирање со висока резолуција. Потенцирањето на деталите во овие дела и тоа суптилно колку само да се засили ефектот е мајсторството на оваа уметност, која кај колегата Ристов најмногу доаѓа до израз кога црта портрети и актови

Претендирам повеќе да цртам стари лица, брчките се предизвик и даваат шанса да се долови таа реалност, станува збор за една понова техника на интенет се споменува како хипер релизам и има големи мајстори на таа техника, јас се обидувам колку можам да ја усовршам оваа техника и досега мислам дека тоа го правам успешно“.

Пред него фотографија, во раката молив и толку. Нема бои, но кога го гледате финалниот продукт заклучувате дека бојата овде е Човечкиот лик е константна инспирација на Ристов, како и голото тело, но посебно место во неговите дела имаат и човечките дланки.

Мојот најчест инструмент за работа е моливот и тоалетната хартија, заради таа финост што ја има таа хартија кога добро ќе се освитка на парче дрво или на друг молив ви дава шанса да ги доловите моментите“.

Делата на Ристов беа изложени во два наврати, еднаш пред неколку години на Штипското културно лето, и пред 4 години во Париз беа дел од проект на Министерството за култура. Трета изложба е во најава за идната година. Нови дела во нови димензии.