
Пет до седум тужби од граѓани на сметка на Општина Штип се поднесуваат годишно до Основен суд Штип по основ за надоместок на нематеријална штета на граѓани кои биле каснати од куче скитник. Бездомните кучиња како проблем во градот под Исарот се провлекува многу оддамна, решение се уште конкретно нема. И билтенот на СВР Штип често е полн со пријави од граѓани кои биле напднати или каснати од куче скитник. Меѓутоа, според правникот во Општина Штип, Трајче Ристов на годишно ниво Општина Штип не дава многу пари за вакви дела.
„До Основен суд Штип се поднесуваат во просек околу пет до седум предмети годишно по основ на надоместок на нематеријална штета. Оштетни побарување се движат најамлиот износ од 25 илјади денари па до највисокиот износ од 60 илјади денари и е обврска на Судот да ја одмери овој вид на штета и во суштина се движиме од 200 до 300 илјади денари на годишно ниво.“ – кажа Ристов.
Висината на штета зависи од проецнаката на Судот, со оглед на фактот дека во предвид се земаат сите околности. Така на пример различна висина на оштет има ако само ве нападне куче или ако ве касне. Истовремено, различно е дали кучето ќе нападне возрасен грѓанин или мало дете.
„Тоа се оштетни побарувања кои ги одмерува Судот. Се е во зависност од поставените тужбени барања на самите странки. Ние како тужена страна нормално е да се браниме“ – додаде Ристов.
Инаку, по улиците во град Штип секојдневно може да се забелжи сликата од глутница куќиња, не само во приградските населби туку и во централното градско подрачје. Загрижува и фактот на кој апелираат и здруженијата за заштита на животните, дека бездомни куќиња постојано се донесуваат од други градови и се оставаат по улиците во Штип. Со проблемот е запознаен и првиот човек на град Штип, Иван Јорданов кој во неколку прилики истакна дека решение се бара. Стационарот во Штип не работи бидејќи нема водоводна линија и не ги исполнува основните услови за згрижување на животните, а тендерот за нов оператор е во тек.
Лаура Стојанова М-Нет