
Во Агенцијата за вработување во Штип денеска беше презентиран текот на аплицирањето за мерката за самовработување, преку која невработените лица можат да добијат грант за отворање сопствен бизнис. Конкурсот трае до 3 јули, а според надлежните досега се поднесени повеќе од 60 апликации, при што се очекува бројката дополнително да се зголеми. Лицата до 29 години можат да добијат грант од 10.000 евра, над 29 години 7.000 евра, додека при здружување во друштво со ограничена одговорност поддршката достигнува до 20.000 евра.
„Заедно да ги проследиме информациите поврзани со мерката која што владата и министерството за економија ја овозможуваат за нови вработувања за грант од 10.000 евра за отварање на ново работно место, за нови бизниси, кој практично ќе ја подржуваат локалната економија, всушност како град ова е неопходна мерка која верувам дека многу млади, креативни умови ќе ја искористат за да си помогнат првенствено самите на себе, а со тоа да помогнат и на локалната економија, на општеството и на градот. Во минатото имаме позитивни примери од успешно реализирани бизнис приказни кој првично настанале преку ваквите грантови.“- Иван Јорданов, градоначалник
Дециден е Заменик министер за економија и труд Марјан Ристески дека сите невработени лица, особено младите до 29 години, треба да ја искористат можноста и најдоцна до 3 јули да ги поднесат своите бизнис-идеи.
„Јас во оваа прилика сакам и да ги охрабриме штипјани, сите невработени лица кој се активни баратели за работа, посебно младите до 29 години. Штипјани се доста креативни, има доста бизнис идеи, да го посетат уште овие два дена центарот. Значи конкурсот трае до 3 јули, значи до утрешниот ден и да ги поднесат своите бизнис идеи, шансата за да добијат гранс отварање на бизнис е многу голема. До сега имаме информација дека има преку 60 апликации, меѓутоа очекуваме оваа бројка овие два дена стане многу поголема. Да ги напоменам сега кој се бенефитите од оваа мерка. Лица до 29 години добиваат грант од 10.000 евра, над 29 години добиваат 7.000 евра, ако се здружат во друштво со ограничена одговорност добиваат 20.000 лица до 29 години, повозрасните над 29 години добиваат 14.000 евра.“- Заменик министер за економија и труд Марјан Ристески
Децидна е заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова, дека право на аплицирање има за речиси сите дејности, со исклучок на земјоделството, производството на оружје и муниција, такси-превозот и игрите на среќа.
„Сакам да напоменам дека нема предност одредена дејност, освен може апликантите да аплицираат за било која дејност за која што имаат сопствена идеа, освен за оние исклучоци кој што според оперативниот план за активни мерки се исклучени а тоа се, земјоделската дејност, дејноста за производство на оружје и муниција, такси превоз, игри на среќа.“- Директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска
Досега се евидентирани повеќе од 60 апликации, а грантовите изнесуваат до 10.000 евра за индивидуално самовработување и до 20.000 евра за основање бизнис во партнерство.
Дајана Сандева, М-