До петок доматот со тенденција да се продава по цена од 100 денари за килограм

Доматот сѐ уште држи цена на пазарот во Штип, според продавачите и произведувачи до петок може истиот да достигне цена и до 80 до 100 денари за килограм. Ова се должи пред сѐ на фактот што нема доволно производство, нема кој да работи, младите не се занимаваат со земјоделие, па велат ќе има недостиг на храна. Побарувачка има, граѓаните сакаат да јадат, но пари нема, а ќе нема ниту производство. Спрод земјоделците кои своите производи ги пласираат на пазарот и на тој начин егзистираат државата треба да инвестира за да не се доведе во ситуација да се увезва храна и тогаш цените да бидат уште повисоки.

„Да кажеме искрено цените се подигнати, особено доматот и пиперката, но тоа се случува секоја година. Има вакум, сега струмичани со роба се послаби, нашите земјоделци немаат производство и доаѓа до вакум. Другите цени се нормални“

Купувачите на пазарот во Штип денеска имаа разбирање за цените на производите. Скапо е ако се направи споредба на цените со примањата, но од друга страна трудот на земјоделците треба да се цени. Некој работел за друг да си купи и јаде велат купувачите

Струмичките продавачи на бостан пак мака мачат како да најдат простор за продажба на лубениците. Позади објективот на камерата велат дека немаа каде да ги пласираат своите производи, од една страна, од друга страна општината се мачи да ги отстрани од јавни површини. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели Дражавниот инспекторат не постапил соодветно и затоа проблемот стои.

„Надлежната институција Пазарниот инспекторат не постапи соодветно, ние немаме надлежност да ја одземеме робата на овие луѓе кои доаѓаат, ги узурпираат јавните површини, немаме надлежност да им пишуваме глоби, тоа е во надлежност на други институции, но како што функционираат институциите во државата може да се претпостави зошто не функционираат и кај нас.“ – кажа Јорданов.

Инаку, пазарот денеска беше речиси полупразен, а најмногу се нудеше и купуваше зеленчукот и сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет