
До крајот на годината во УГД Штип ќе се отвори СТАРТ АП центар со цел да се поттикнат младите да размислуваат за својата бизнис идеја и да започнат сопствен бизнис. Центарот ќе обединува неколку хабови и инкубатори на различни факултети, каде студентите ќе добиваат менторска поддршка и насоки за успешно развивање на своите идеи. УГД со оваа иницијатива сака да создаде млади креатори кои ќе бидат двигатели на економијата, а не само пасивни следбеници. По тој повод, денес се одржа старт ап настан кој го привлече вниманието на студентите и го најави почетокот на една нова ера на претприемништво.Од универзитетот порачаа, време е идеите на младите да станат реалност.
,,Денес во УГД Штип се организира Старт ап настан, целта на настанот е да ги запознаеме студентите со мометалната состојба во делот на иновацискиот и старт ап системот во нашата држава. УГД во изминатиот период и во наредиот активно ќе работи на градење на една иновациска и предприемнича инфраструктура, која што ќе им помогне на студенттие да бидат креативни и да отвораат сопстевни бизниси, затоа што мисиите на наштиот универзитет е не само да им понудиме модерно знаење, туку многу повеќе да креираме систем студентите да станат прредприемачи. УГД во наредниот период ќе го промовира и универзитетскиот СТАРТ АП центар кој што ќе биде составен од неколку инкубатори, едниот од тие хабови ќе биде на економскиот факултет, другиот на природно техничќки науки, Идејата на овој центар е да им понудиме на студентите менторски програми, поучни да успешно зпаочнат бизнис.“, рече Лазаров
Со центарот ќе почне да се работи активно од следната година потенцираше проректорот Лазаров, а како што рече тој во иднина резултатите ќе бидат видливи.
Во рамки на тоа вмрежување како што дополнително посочи проректорот, ќе се овозможи полесен пристап до финансии на студентите. Рече дека во моментот проблемот не се финансиските средства, туку недостиг на креативните идеи и недостиг на систем, кој што ќе овозможи тие идеи да станат реалност.
Иван Митев, М-Нет