Дожд од голови во Кичево – реми на Шкупи и “пандевци”, Работнички го декласираше Скопје

фото: ФК Работнички

Денес со два натпревари беше отворена 21-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Работнички и Скопје одиграа велешка пресметка наместо скопска, а трите бодови завршија на контото на “романтичарите” со убедливата победа од 4:0.

Хет-трик постигна Крсте Велкоски, а еден гол беше дело на Гандо.

Дожд од голови во Кичево и поделба на бодовите (3:3) меѓу Шкупи и Академија Пандев.

Шкупи прв стигна до водство со голот на Цефас во 12. минута. “Пандевци” брзо израмнија со голот на Ване Крстевски и се врати во рамноправна борба за три бода. Струмичани преку Руфати направија комплетен пресврт на 1:2. Радоста на “пандевци” траеше кратко, бидејќи Данфа израмни на 2:2.

Во финишот Шкупи возврати со нов гол за 3:2 на полувреме, а стрелец беше Хамиди.

Во финишот на вториот дел Димитар Трајков ги постави конечните 3:3.

Утре играат Победа против Силекс, Брегалница со Шкендија и Македонија ЃП со Тиквеш.