
Нема игли, терапија, помагала, летни – лицата со дијабетес седум месеци во континуитет се оставени без неопходните за нив работи за нормално функционирање. Токму затоа своето незадоволство ќе го искажат утре пред Министерството за здравство со мирен протест закажан за во 19 часот. Од Сојузот на дијабетичари посочуваат дека за првпат ќе протестираат оти во спротивно никој не излегува во пресрет на нивните барања и потреби.
„Континуирано седум месеци нема нешто, терапија, антидијабетни терапии, помагала, глукомери, игли, ленти ние немаме ништо. Добиваме сгнали дека ќе почне дистрибуција на игли, антидијабетна терапија и ние се надеваме дека протесот ќе даде резултат.“ – вели Велев.
Велев посочува дека барањата им се веќе познати на надлежните и дека очекува позитивно да се одговри на истите за да не се продолжи со протести и радикализација на истите.
„Првото е медицинска едукација на сестри и доктори како и на пациенти. Второто барање е иновативната терапија и антидијабетната да ни биде постојано достапна. Третото ни е сите лица со Тип 1 да добијат сензор бесплатно.“ – вели Велев.
Во оваа прилика на температури околу 40 степени, Велев ги повика сите кои се во можност да се придружат на протестот се цел и лицата со дијабетес да го добијат она што им е неопходно.
Во државата од 45 илјади лица со дијабетес 700 се деца до 18 години, а 5000 лица се со ТИП 1 односно за нив се потребни сензори за мерење на шеќерот во крвта.
Лаура Стојанова М-Нет