
Младиот Симон Крстев од Штип е еден од повредените во трагедијата во Кочани. На 18 март, во соработка со Цивилната заштита на Италија, пренесен е во Италија, во Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова. Примен е со „хемиска пневмонија“ и изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот оддел и тогаш родителите на Симон ја покануваат проф. Сузана Езпосито, директорка на клиниката, да ги посети во Штип.
Денеска проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе проф. Сузана Езпосито во Штип.
Домаќините и’ се заблагодарија на директорката за се’ што е направено за Симон и и’ порачаа дека секогаш е добредојдена во Македонија!
