
Димитриј Попоски и Дамјан Серафимов се нови играчи на ГФК Охрид Лихнидос.
Попоски доаѓа од редовите на штипска Брегалница, тој ќе ја засили бековската позиција. Младинскиот репрезентативец во својата кариера има повеќе од 40 настапи во првата македонска фудбалска лига. 22-годишниот Димитриј претходно настапуваше за екипите на Борец, Работнички, Тетекс, Силекс и Охрид.
Дамјан Серафимов, исто така, претходната сезона настапуваше за екипата на Брегалница Штип, а пред тоа покрај екипата на Охрид Лихнидос настапуваше за екипите на Кадино и Македонија Ѓорче Петров.
ГФК Охрид Лихнидос објави дека наредните денови ќе бидат презентирани уште шест нови договорени засилувања со кои Охрид Лихнидос најавува борба за влез во Првата македонска фудбалска лига.