Дејан Митров државен првак во борење, Станислав Грпов го освои третото место

Денес во Кочани се одржа Државното натпреварување во борење слободен стил за сениори.
На овој натпревар Дејан Митров од БК Балканец го освои првото место, на кој оваа титула му е 16. Државен првак на Македонија. Во финалето, во категоријата до 86 кг. Митров го победи Адам Модосјан, член на БК Вардар.

Станислав Грпов, член на БК”Киро Ристов ” од општина Карбинци го освои третото место.