
Десетина пациенти неделно само од Истокот од државата заболуваат од рак на дојка. Праксата покажува дека се намалува и старосната граница, па ако пред неколку години заболувале жени над 45 години, сега заболуваат од 25 години па нагоре. Причината е најчесто стресот.
„За жал се помлади жени заболуваат од оваа болест. Ако претходно просечната граница е била 45 до 50 години, сега таа е од 25 години па нагоре. Доста пациентки има, на неделно ниво има околу десетина пациентки. Причината најчесто е стресот, а симптомите се промена на големината на градата, грутка која расте и слично“ – вели Димова.
После 20 годишна возраст жените треба да ги прават редовните ехо прегеледи, додека пак после 40 година да започнат да се прегледуваат на момографија. Од КБ Штип апелираат не само во месец октомври, фокусот на оваа болест да биде постојан.
Кај девојки имаат позитивна фамилијарна анамнеза овие прегледи треба да ги започнат порано. Апелот е да не биде само месецот октомври месец во кој ќе ставиме фокус на оваа болест, со оглед на тоа што ова е болест на глобално ниво. Фокусот треба да биде во текот на целата година.“ – додава Димова.
1% од заболените со рак на дојка отпаѓа и на машката популација.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет