Денес се одиграа натпреварите од 16 коло на Втората македонска фудбалска лига при што се постигнаа следните резултати:

1. Каменица Саса – Плачковица 3:0
2. Кожуф – Осогово 1:0
3. Беласица – Питу Гули 2:0
4. Победа – Брегалница 0:2
5. Кит Го – Тиквеш 1:1
Табела
1. Беласица 40
2. Брегалница 37
3. Тиквеш 31
4. Кит Го 31
5. Кожуф 30
6. Каменица Саса 23
7. Плачковица 13
8. Победа 12
9. Осогово 6
10. Питу Гули 4
Екипата на Брегалница беше супериорна на мечот со Победа и сосема заслужено славеше со резултат 0:2. Стрелци на головите за Брегалница беа Пепи Ѓоргиев во 25 м. и Дарко Додев во 70м. Следната Сабота следува големото дерби кога на градски во Штип ќе се сретнат Брегалница и Беласица.Во Пехчево екипата на Кит Го поведе со голот на Дарко Алексовски во 11 м. а Методи Делов стрелаше за Тиквеш за конечен резултат 1:1 .
Драги Герасимов – Пушка