Денес во ЖИВО на М Нет Спорт: Шкендија Арачиново – Башкими Љуботен

Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо натпреварот од 9. коло од Трета лига – Север меѓу Шкендија Арачиново и Башкими Љуботен.

Екипата на Шкендија Арачиново во претходното коло во луд меч кој одеше во живо на М Нет Спорт со седум гола го доби Кадино (3:4) и максимално мотивирана како фаворит ќе го пречека тимот на Башкими Љуботен.

Шкендија го напаѓа првото место на табелата, па денес само победа и нови три бодови се опција за третолигашот од Арачиново.

Преносот на М Нет Спорт ќе започне во 13:30 часот, а главен судија ќе биде Борче Павловиќ.