Денес во живо на М Нет од 16 часот Шкендија Арачиново – Еуромилк ГЛ

Вчера стартуваше новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север со натпреварите од 1. коло, кое ќе се комплетира денес.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност во живо преку директен пренос да го проследат дуелот на повратниците во Третата лига – Север екипите на Шкендија Арачиново и Еуромилк ГЛ.

Двете екипи најавуваат амбиции за освојување на врвот од табелата во Трета лига – Север, а со тоа и пласман во баражот кој води кон Втора лига.

Шкендија Арачиново зад себе имаше успешна сезона, квалитетно засилена ќе атакува на висок пласман, од друга страна некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ сака конечно враќање во Втората лига и со тоа да се врати на старите добри времиња кога клубот играше и во Првата лига. За таа цел Еуромилк ГЛ ангажираше квалитетни и проверени имиња со прволигашко и второлигашко искуство за што телевизија М Нет веќе објави.

Главен судија на мечот ќе биде Слободан Боцевски од Скопје, а преносот на телевизија М Нет ќе започне во 16 часот.