
Штипскиот центар за социјални работи има нов директор. На местото на досегашниот директор, Виктор Горгиевски, доаѓа Демирша Османов, кој во оваа институција работи 14 години. Директорот Горгиевски на чело на оваа институција беше назначен во декември минатата година, откако тогашната директорка Златка Иванова си поднесе оставка и се одлучи да остане во Советот на Општина Штип.
Ребека Спасова М-Нет