
Градоначалникот на најмалата општина на истокот, Блаже Станков упати апел до жителите на Општина Зрновци.

-„ Во силен ек е епидемијата од Корона вирусот, очекувано е во наредниот период бројот на заболени да се зголемува, затоа е многу важно да се спречи на локално пренесувсње.
Од овие причини апелираме да останете дома, да не се групирате, излегувајте од дома само ако имате неопходна потреба и при тоа не контактирајте со многу луѓе, не се задржувајте во маркетите, држете растојание и секако одржувајте хигиена, постојано мијте раце.
Денешната слика на Зрновци е следната: раздвиженост повеќе од вообичаено, во паркот се седи еден до друг без растојание, дечиња во поголеми групи како да се на распуст, заштитни маски не се користат при влегување во маркетите и тн. и тн.
Оваа слика мораме да ја промениме. Од вечерва КЈП Водна Кула, како превенција од Корона вирусот ќе отпочне со дезинфекција од растворен хлор на најфрекфентните улици, плоштадот, пазарчето и останатите збирни локации во општината.
Досега дезинфекција беше извршена на училиштата, градинката и општинските простории.
За доследно почитување на препораките од страна на Министерството за здраство, општина Зрновци е во тек на формирање на Кризен штаб. Кризниот штаб ќе има за задача, континуирано да ја следи состојбата со потенцијалната опасност од ширење на Корона вирусот во нашата општина, и навремено да информира со надлежните институции, граѓаните навремено да бидат во тек со сите мерки и активности кои Кризниот штаб ќе ги презема на територијата на општина Зрновци“ информира градоначалникот Станков.