Девојка од Кочани неовластено подигнала пари од туѓа платежна картичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Б.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 25.02.2021, пријавената искористила платежна картичка, која противправно ја присвоила и во два наврати неовластено подигнала парични средства.