Дебакл на Малеш во Турново, Карбинци до бод во Пробиштип, Овче Поле максимален

Денеска беше комплетирано 3. коло од Третата македонска фудбалска лига Исток и беа постигнати следниве резултати:

Овче Поле 4:0 Брегалница Делчево, стрелци на погодоците беа Емил Рунчевски, Никола Лазев и два гола на Тоше Манов.

Рудар 1:1 Карбинци, гостите поведоа со голот на Христијан Крстов, а домаќините изедначија преку Димитар Герасимов.

Светлост Зрновци 1:3 Победа Валандово, за домаќините голот го постигна Славче Митовски, за гостите два гола постигна Ристо Миленковиќ, а Оливер Маринковиќ постигна погодок во судиското надополнување.

Дојранско Езеро 0:2 Тиверија, головите за гостите ги постигнаа Јордан Николов и Ристе Каралијски.

Хоризонт 9:1 Малеш, пет погодоци за Горги Коцевски, два за Дејан Блажевски, по еден за Александар Черкезов, Кристијан Манолев и Александар Мишовски.

Лидер на табелата е Овче Поле со максимални 9 бодови, Рудар е втор со 7, Хоризонт Турново и Победа Валандово по 6, Карбинци е на петтото место со 4 бодови, Брегалница Делчево, Дојранско Езеро, Ударник и Тиверија имаат по 3 бодови, а без бодови се екипите на Светлост Зрновци и Малеш.