Две тужби за сегрегација и дискриминација доби ООУ „Гоце Делчев“ Штип

Родителите на првачињата наместо да се радуваат при уписот на нивните деца во училиште, тие се занимаваат со толкување на закони, но и начини како да го избегнат почитувањето на реонизацијата. Во Штип одредни родители почнале и со промена на адресите за живеење, со цел нивните деца да не се запишат во училиштето „Гоце Делчев“, туку од 1 септември да седнат во училишните клупи на друго училиште.

„Велам наводна дискриминација, затоа што по сите увиди се констатира дека тоа е реалната ситуација. Кога во уписна година ќе ви се упишат десетина деца од македонскиот ентитет и некаде над 60 или 70 дечиња од ромскиот ентитет, вие едноставно не можете на никој начин да ги формирате паралалелките“, вели Димов.

Токму непочитувањето на реонизацијата при упис на првачињата донесе и неколку тужби за сегрегација пред македонските судови и во Стразбур. Едно од тужените училишта е штипското „Гоце Делчев“, во кое има најмногу барања за трансфер на првачињата во други училишта. Во оваа училиште има чисти ромски паралелки, и по ова постапува и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Дискриминација има, но не по вина на раководството на училиштето. Ова е првото модерно и дигитализирано училиште, единствено со целодневна настава и со квалитетен наставен кадар во Штип. Тужбите кон училиштето, општината, но и кон државните институции се и причината што оваа година штипската локална власт бара доселедно да се почитува реонизацијата за првачињата.