
Со две први и три трети места се вратија членовите на БК Балканец до Балканското првенство кое се одржа во Грција. На натпреварот силите на терен ги измерија осум членови на БК Блаканец. Како балкански шампиони од Грција се вратија Зоран Шоров во категорија пионери до 68 килограми и Стефан Стојков во категорија кадети до 55 килограми. Со бронза се вратија Стојанче Стојков и Марија Цветанова во категорија кадети до 55 однонсо до 53 килограми.
Вчеравечер пред просториите на БК Блаканец се одржа и пречек на борачите кои учествуаа на Балканскто првенство. Првенството се одржа во пероиодот од 5 до 7 мај во Грција.