
Две нови хибридни возила денес доби јавното претпријатие „Стипион“ , наменети за контрола на јавното паркирање во Штип. Возилата ќе патролираат низ градот, а со помош на камери за видео надзор и техничка опрема ќе се читаат регистерските таблички на паркираните автомобили. Податоците во реално време ќе се испраќаат до софтверот на претпријатието, кој ќе евидентира дали возилата на паркинг позициите имаат платено паркинг. Оние кои немаат извршено наплата ќе бидат означени, по што ќе следуваат соодветни мерки. Од претпријатието велат дека на овој начин контролата на паркирањето ќе биде поефикасна и поорганизирана.
,,Од денес возниот парк на ЈП Стипион е зголемен за две нови возила во службена дејност јавно паркирање. Ова се модерни, економични и еколошки возила на хибриден погон , кои што ќе партолираат во градот со помош на инсталирани камери за видео надзор и техничка опрема, ќе ги читат регитерските таблички и во реално време ќе испраќаат информации на софтверот, кои што ќе ги евидентира и ќе издава информации кои од возила на паркинг позициите имаат или немаат платено паркинг. Оние возила кои што ќе немаат наплата на паркинг ќе бидат маркирани.“, вели Стефановски
Вредноста на оваа јавна набавка чини околу 2 ипол милионони денари, истакна Стефановски, а според планот во функција ќе влезе за две до три недели, додава тој
,,Системот ќе издаде налог за санкционирање, нашите вработени ќе имаат обврска во најкус временски рок да ги санкционираат, на еден од достапните методи кои што ги имаме со издавање на доплатен билет или со поставување на блокатор. Вредноста на оваа јавна набавка е околу 2 ипол милиони денари, а планираме во целосно функција да ја ставиме за околу две до три недели
Со овие возила, очекувањата се дека ќе се олесни работата на ЈП Стипион во оваа дејност, со што ќе се зголеми и ефикасноста во работата. Во голема ќе се намали и влијанието на човековиот фактор, а со тоа и можноста и можноста за злоупотреби и непостапувања. Главните придобивки кои што граѓаните ќе можат да ги очекуваат е намален метеж во градот, побезбедност за пешаците, како и повеќе достапни паркинг позиции.
Иван Митев, М-Нет