Да се стопира изградбата на соларниот парк во Штип, велат од Стопанската комора за енергетика

Стопанската комора за енергетика со апел до МЕПСО да ја стопира изградбата на соларниот парк во Штип. Од таму велат дека енергетскиот систем не може да ја издржи оваа градба и поради таа причина апелираат да се интервенира во најбрз можен рок.

„МЕПСО КАДЕ СТЕ !!!!! Стопирајте ја ВЕДНАШ оваа градба која ја најави Владата од над 400 MW на аеродромот во Штип !!! Дали сте свесни дека енергетскиот систем НЕ МОЖЕ да ја прифати и издржи оваа градба?!?. Кој ќе ја балансира оваа енергија од фотоволтаици кога немаме толкав хидро потенцијал за балансирање !!! МЕПСО РАЗБУДЕТЕ СЕ !!!!! Алармирајте веднаш !!! Стопирајте ја градбата навремено !!!…
– Зарем не остана некое стручно лице да реагира или некој од професорите да им каже !!!
– Зарем сметате дека нема македонски државјани кои истото би го направиле и инвестирале доколку им се дозволеше и тоа на стратешки плац за карго аеродром … ( наместо на планини кои се спремни за фотоволтаици), а го давате на странци !!!…
Ве молам МЕПСО интервенирајте што е можно нај брзо. Верувам дека ќе успеете да ја разубедите Владата и да се спречи овој договор“, напишаа од Комората на својот фејсбук профил.

Инаку, соларниот парк „Стипион“ кој го најави Владата е директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен и треба да биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати. Истиот е предвидено да се гради во текот на 2022 година на локацијата која беше предвидена за изградба на карго аеродромот во Штип на површина од 452 хектари.

Ребека Спасова МНет