Дарко Николов е најново засилување за второлигашот Вардар Неготино

Повратникот во Втората македонска фудбалска лига екипата на Вардар од Неготино продолжува со засилувањата и градењето на тимот за новата сезона.

Најново засилување кое пристигна во Неготино е Дарко Николов кој доаѓа од второлигашот Кожуф од Гевгелија, а настапува на позицијата штопер.

Во својата кариера Николов има настапувано за Брегалница, Кит Го од Пехчево, Слога Виница и последно Кожуф.

Како што веќе објави телевизија М Нет, Вардар Неготино претходно се засили со Стефан Тасев, Аделин Казимов, Илија Апостолвоски, Кристијан Костовски, Дарко Алексовски и Мартин Димовски.

Вардар Неготино ги започна подготовките за новата сезона, а договорени се и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.