Давид Денковски и Јован Манев повторно во дресот на Македонија У – 21

Македонската фудбалска репрезентација У – 21 ја очекуваат нови две средби во циклусот за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2023 година. Селекторот на селекцијата Драган Канатларовски повика 24 играчи за кои смета за овие два натпревари, а собирот е закажан за недела 3 октомври во хотелот Александар Палас во Скопје. На списокот повикани играчи се и голманот на Брегалница Давид Денковски, како и дефанзивецот воедно и капитен на Брегалница Јован Манев. Македонија досега одигра два натпревари од кои има освоено само еден бод и тоа против Србија, додека од Франција доживеа пораз. Во следните два натпревари нашата млада селекција ќе гостува, најпрвин на 7 октомври ќе игра против Фарските острови а потоа на 12 октомври Македонија У – 21 ќе гостува на Ерменија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk