
Групен разговор дебрифинг од понеделник ќе се спроведува во сите училиштата. Тоа е разговор преку кој учениците ќе можат да разговараат како за емоциите, така и за нивните мисли, чувства, реакции и споделување на нивниата приказна по трагедијата. Наските кои училиштата ги добија се спроведени и пуштени од МОН како и од комората за психолози за постапување со кризни ситуации. Педагогот Сузана Лазарова Ефтимова, вели дека тоа е начин за како да се справиме с отрауматскиот настан, кој се случи изминатите денови, а тие како стручна служба да одговорат за потребите на децата.
,,Добивме насоки од МОН и од комората за психолози за постапување со кризни ситуации. Најпрво ги информиравме класните раководители, за да постапуваат по истите. Одржавме и вонредни родителски средби, за да можат родителите да се запознаат со насоките во врска со тоа како треба да постапуваат со децата. Дел од стручната служба беше на обука за психолошки дебрифинг. Тоа е начин како да се справеме со трауматскиот настан, кој ни се случи пред неколку дена со што ние треба да одговориме како стручни служби за потребите со децата. Истиот има за цел да ја намали трауматизацијата од преживеаниот настан. Ние како служби од понеделник започнуваме со реализацијата на психолошкиот дебрифинг, како разговори со децата за емоциите, така и за нивните мисли, чувства и реакции и споделување на нивната приказна“, вели педагогот Сузана Лазарова Ефтимова
Доколку има потреба ќе се работи и индивуално додава Лазарова Ефтимова, додавајки дека истовремено ќе продолжи динамиката на наставата, како порано.
Ќе се работи и индивидуално, доколку има потреба. Доколку децата имаа потреба да разговараат на часовите. Доколку има нешто да каже, треба и да се слушне. Динамиката на часевите и понатаму пордолжува. Потребно е да се задржиме и на динамиката на текот на наставата. Траумата е во фокус, но онстанатото си тече како дневен ритуал. Информациите треба да бидат прилагодени на нивната возраст. Потребно е да не се прават шпекулации и лажни информации. Им нагласуваме на децата дека нема правили или неправилни изразување на емоциите.“, додава Лазарова Ефтимова
Инаку, сите училишта од понеделник се подготвена да се продолжи наставата во нормални услови, а истовремено со учениците да се работи за нивното ментално здравје. Како што велат и педагозите училиптето мора да остане и понатаму безбедно место за учениците.
Иван Митев, М-Нет