
Во среда на Градскиот стадион во Кавадарци се игра вториот меч од полуфиналето од Купот на Македонија меѓу Тиквеш и Шкупи. Интересот за овој меч е огромен, а потврда за тоа доаѓа големиот број на продадени билети за многу кратко време.
Како што дознава екслузивно телевизија М Нет, а објави вчера, за помалку од три часа биле продадени 2.000 билети, тоа значи дека Градскиот стадион во Кавадарци ќе „гори“ со поддршка за фудбалерите на Тиквеш, во обид за пласман во големото финале каде ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Македонија ЃП и Воска Спорт каде охриѓани имаат два гола предност (0:2).
Билети може да најдете на неколку локации во Кавадарци, а билетите уште вчера беа пуштени во продажба поради големиот интерес.
Голем натпревар за Тиквеш кој ќе испише историја доколку се пласира во големото финале, каде ќе се бори да обезбеди и „виза“ за излез во Европа.
Првиот меч на Чаир меѓу Шкупи и Тиквеш заврши без победник и без погодоци (0:0).
Александар Ванев, М-Нет