Голманот Филип Гачевски се јави со силна порака од Паралимни,Кипар

Голманот на шампионскиот тим на Вардар Филип Гачевски меѓу последните играчи го напушти својот омилен клуб и замина за Кипар. Со тешко срце го напушти клубот во кој беше омилен кај „комитите“ и со почит од соиграчите кои му ја доделија капитенската лента. Новиот клуб на Гачевски, Енозис Паралимни настапува во Првата фудбалска лига на Кипар каде моментално на програмата во недела ќе бидат натпреварите од 3 коло во кое неговиот клуб Паралимни ќе гостува на тимот на Неа Саламис.

Во синоќашниот разговор Филип Гачевски со нескриени симпатии зборуваше за неговиот како што вели феноменален прием од страна на раководството и на новите соиграчи. – „Потпишав едно годишен договор со Енозис Паралимни под мошне поволни услови со можност истиот да се продолжи + уште една година. Веќе започнав со тренинзите и ако се биде во ред мојот деби настап за клубот ќе се случи во 4 коло кога на 20 септември ќе се сретнат Енозис Паралимни – Апоел Никозија“ – истакна Филип Гачевски на кого спортската редакција на Mnet му посакува одлични одбрани и успешна понатамошна кариера. Впрочем Филип Гачевски е македонски рекордер како голман кој цели 912 минути ја чуваше негибната својата мрежа за тимот на Брегалница од Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk