Голем одрон на патот кај Истибања

Една коловозна лента е блокирана од одрон на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани во близина на село Истибања во месноста Саваро.

Каменот е со големина колку половина од коловозот и затоа сообраќајот се одвива во една лента. На останатиот дел од патот одроните се помали и затоа се апелира за крајна внимателност во возењето.ЈП “Македонијапат” работи на расчистување на одронот.