
Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката која решаваше кои од поразените третолигаши ќе добијат дополнително место во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2025/2026.
Ждрепката им донесе среќа на екипите на Големо Коњари и Осогово, кои и покрај неуспехот во бараж натпреварите, ќе бидат дел од второлигашката конкуренција следната сезона. Од друга страна, Преспа немаше среќа при извлекувањето и ќе продолжи да се натпреварува во Трета лига – Југозапад.
Александар Ванев, М-Нет