Голем успех за БК Фамилија Демирови од Штип – Пехар за прво место во младинската лига за 2025 година

Боксерскиот клуб Фамилија Демирови од Штип забележа нов голем успех, клубот е шампион во младинската лига на Националната боксерска федерација на Македонија за 2025 година и одново го донесе пехарот во градот под Исарот.

Тренерот Тархан Демиров очекува големи успеси и во 2026 година, но додава дека ќе има и силна конкуренција.

Тренерот е горд на своите боксери и на нивните успеси, вели дека вратите на боксерскиот клуб Фамилија Демирови се отвори за сите и ги повика сите кои сакаат да го спортуваат овој спорт да биде дел од нивниот клуб.

Фамилија Демирови продолжува со своите успеси, клубот бележи големи резултати како на домашната така и на меѓународната сцена, со најава дека во 2026 година со многу труд, тренинг и подготовки ќе стигнат до уште поголеми успеси.

Александар Ванев, М-Нет