Големиот фудбалски талент Дино Михолов дебитираше за Брегалница во ПМФЛ, а добик повик и во У-19 репрезентацијата

Големиот фудбалски талент од Штип, Дини Михолов на натпреварот против Победа во рамки на 23. коло од Првата македонска фудбалска лига го имаше своето официјално деби во дресот на Брегалница. Тој во игра влезе во 80. минута од натпреварот кој Брегалница го доби со убедливи 4:0.

Михолов во јануари наполни 18 години, веќе неколку месеци е дел од првиот тим на Брегалница, а беше на подготовки со екипата во Анталија.

Михолов ги помина сите младински категории во Брегалница и стигна до сениорскиот тим, каде што добива голема поддршка и шанса од страна на тренерот Горан Здравков. Како што вели и стратегот на „сините“ пред младиот и талентиран фудбалер е убава фудбалска иднина.

Михолов е дете на Брегалница, а сите добиени шанси максимално ги оправдува, а потврда за тоа доаѓа и новиот повикот во младата репрезентација на Македонија до 19 години, која заминува за Азербејџан каде ќе одигра два пријателски натпревари против оваа селекција на 24. и 27. март.

Михолов беше повикан и во репрезентацијата до 18 години од страна на селекторот Тони Јакимовски, за натпреварите против Словачка, кој беа одиграни на 16. и 19. ноември минатата година на Градскиот стадион во Штип.

Брегалница како клуб посебно внимание им посветува на младите и талентирани играчи, а еден од нив е токму и Михолов пред кого е светла фудбалска иднина.

Штип отсекогаш имал големи фудбалски таленти, Михолов е еден од нив, а Брегалница и градот под Исарот дорпава ќе се гордеат со младиот фудбалер, кој доколку продолжи со напорна работа на тренинзите секако дека ќе има голем напредок и развој во својата кариера.