
Гласна музика на улицата „5 Конгрес“ во Штип долго време ги вознемирува тамошните жители. Како што велат пред камерите на М-Нет телевизија, не можат да излезат во двор, да отворат прозорец бидејќи по цел ден и до доцните вечерни часови гласната музика постаојано се слуша. Бараат надлежните да преземат мерки и да се реши овој случај со кој се соочуваат со години.
„Ние имаме право да бидеме заштите од прегласната и ужасна музика од нашите соседи кои се пуштаат поцел ден. Во двор не можеме да седнеме, принудени сме да бидеме со затворени прозорци дома. Ние јавно бараме одговор кој може да се справи со ова лудило.“ – вели Коцева.
Правилникот за гранични вредности на бучава во животната средина утврдува максимални дозволени нивоа на бучава во различни периоди од денот и во зависност од степенот на заштита на подрачјето.
Прекршувањето на овие гранични вредности може да резултира со административни санкции. На пример, за правни лица кои не преземаат мерки за заштита од бучава, предвидена е глоба од 3.000 евра, додека за физички лица глобата изнесува 500 евра.
Жителите од улицата „5 Конгрес“ во Штип со гласна музика се соочуваат постојано.
Од СВР Штип истакнаа дека се преземаат мерки и активности во врска со настанот. Велат секое вознемирување со гласна музика да се пријави на бројот 112 и веднаш ќе се реагира.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет