Георгиев: Штипска клиника презеде мерки, откако четири докторки завршија во карантин

По добиената информација дека четири здравствени работници од Одделот за дерматовенерологија во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, присуствувале на симпозиум, на кој била присутна и докторката со докажана инфекција со коронавирус, веднаш се преземени сите превентивни мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Истите се епидемиолошки анкерирани и со решение на ДСЗИ се ставени под здравствен надзор и домашна изолација.

Направена е дезинфекција на амбулантата и Одделот за дерматовенерологија во ЈЗУ Клиничка болница – Штип.

До следните препораки од Комисијата за заразни болести, прегледите и хоспитализациите на Одделот за дерматовенерологија се стопирани – се вели во заедничкото соопштение од Клиничка болница – Штип, од директорот д-р Ален Георгиев и ЦЈЗ – Штип, од директорката Марија Димитровска.