
Изјавите на советниците од СДСМ пред четири години против продажбата на градскиот базен резултираа со појавување на Градоначалникот на Општина штип на вчерашното отварање на Аква паркот, посочуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму прашуваат дали Аква паркот на познат бизнисмен е достојна за нивното неисполнување на дадените изборни ветувања.
„Вчерашното појавување на Градоначалникот на Општина Штип на отварањето на Аква паркот, го покажува не континуитетот во политиките и очајот кој владее во СДС. Скандалозната продажба, сомнителен договор, итно запирање на постапката против изградбата на безенот, беа жолчните изјави на советниците на СДС пред четири години за продажбата на градскиот базен. Истите, на седница на Совет не ја подржаа изградбата на Аква паркот, дури сегашната Власт поднесе кривични пријави за претходниот градоначалник. За овој проект, СДС говореше дека е криминална инвестиција на познат бизнисмен, за денес гордо да се промовираат на грбот на туѓиот успех“ – беше дел од пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Од СДСМ со одговор дека дезорентацијата на ВМРО ДПМНЕ резултира со изнесување на лажни факти и невистинити со цел да предизвика хаос меѓу граѓаните.
„Следејќи ја безидејноста, дезорентацијата на ВМРО ДПМНЕ во Штип, сведоци сме на едно дегутантно елаборирање, изнесување на лажни факти и невистини со цел да предизвикаат хаос помеѓу граѓаните. Вчера бевме сведоци на отварањето на еден убав Аква ресорт кој што ќе биде во корист на нашите сограѓани, кој што е инвестиција на штипски бизнисмен, кој што вложува, инвестира и вработува во нашиот град. За жал во времето на ВМРО ДПМНЕ, времето кога се крадеа народните пари, времето кога се крадеа материјални добра на граѓаните, тоа време заврши. Во времето на Д-р. Сашко Николов како градоначалник бизнисмените ќе инвестираат во градот, а парите ќе бидат вратени кај граѓаните“ – соопштија од Кабинетот на градоначалникот.
Лаура Стојанова М-Нет