
Кантите за ѓубре полни со отпад и смет, граѓаните од улица Александар Македонски во Кочани реагираат на непостојаноста на екипите од КЈП Водовод Кочани. Втора недела по ред ѓубрето не се собира, и покрајо тоа што истото е собрано од страна на граѓаните кои знаат дека екипи од претпријатието треба да го собираат секоја недела. Идентична била ситуацијата и претходната недела, но по реакција до надлежните во КЈП Водовод Кочани, ѓубето се собрало со доцнење од неколку дена. Оваа недела екипите повторно не се појавиле, ѓубрето стои на патот.
Прашавме во КЈП Водовод Кочани дали ќе се собере ѓубрето од улицата „Александар Македонски“ и зошто не се собира во континуитет. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакнаа дека ќе се излезе на терен.
„Свесни сме за ситуацијата на улицата „Александар Македонски“ во Кочани, но еве во текот на денот ќе испратиме екипа и ѓубрето ќе биде собрано. Вработениот задолжен за тој дел од градот е на боледување и се обидуваме да ја завршиме работата со замена. Имаме два трактори кои се движат на такви терени и еве проблемот ќе биде надминат“ – велат од кочанско Водовод.
Инаку, ѓубрето во приградските населби во Кочани се собира еднаш неделно. Граѓаните велат дека редновно плаќаат и очекуваат вреќите со смет и корпите со отпад да бидат редовно чистени.
Лаура Стојанова М-Нет