Вредат ли потрошените пари од СДСМ за пристапниот пат до модуалрана болница, прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Пристапниот пат до модуларната ковид болница која доцнеше речиси една година, поплочен со 69 200 денари, исткнаа денес на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Властите не само што речиси една година доцнеа со поставувањето на модуларнат болница во Штип туку пристапот до неа го поплочиле со 69.200 денари.
Да добро слушнавте!
За кратката патека до модуларната болница СДС потрошиле околу 700 илјади денари за асфалт кој како што можете да забележите се распаѓа само ако го допрете со гола рака, односно овој десетина метри асфалтиран пристапен пат кој е направен пред само еден месец не вреди ни денар од платеното. Неквалитетниот четири сантиметарски асфалт поставен од компанија која  активно соработува со актуелните власти е криминално дело за кое во иднина некој ќе мора да одговара.

И ако некогаш СДС ги мереше сантиметрите на поставен асфалт сега и по спецификација самата предвидува само 4 цм асфалтска површина.

Но, оваа криминална постава која моментално ги води институциите за кратко време ќе мора да се соочи со лицето на правдата и да одговара за направената штета.“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од владеачката СДСМ одговор не добивме.

Лаура Стојанова М-Нет