Во Штип 4 новозаболени од КОВИД 19 – оздравени 37 лица

Според најновите информации поврзани со КОВИД 19 во државата, од 2065 направени тестирања во последните 24 часа регистрирани се 119 нови случаи.

Најголем број на регистрирани и понатаму има во Скопје- 53, по што следуваат Прилеп со 13 и Куманово со девет.

По шест нови случаи има во Гостивар и Делчево, во Берово пет, Штип и Тетово по четири. По три новозаболени има во Кочани, Свети Николе и Кичево, а по две новозаболени лица со КОВИД 19 има во Струга и Пехчево.

Во Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Велес, Битола, Охрид има само по едно заболено лице.

Во изминатите 24 часа во болнички услови починати се пет лица. Двајца од Скопје, една пациентка од Тетово, пациент од Куманово и еден Пациент од Прилеп.

Оздравени се 297 пациенти од кои 37 во Штип.

Од 142.158 направени тестирања од КОВИД 19 досега, 13914 се со дијагноза од КОВИД 19, оздравени се 10507, починати 578.

Вирусот се`уште активен e кај 2829 лица.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк