
Од 1756-те направени тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 166 нови случаи на КОВИД 19, од кои 13 во Штип.
Во Скопје има 46, Куманово 17, Прилеп 12, Тетово 11, Струга и Битола четири, во Струмица, Велес и Дебар три и по две новозаболени лица во Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш и Охрид.
Починати пациенти не се евидентирани, а оздравени се 224 лица, од кои 15 во Штип.
Од досега направените 153.462 тестирања, бројот на евидентирани заболени лица изнесува 14762, од кои активни се 2191 лице, излекувани се 11965 пациенти, а починале 2191 лице.
Според соопштението од Министерство за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 502 прекршоци. Поради тоа, од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк