
Во Штип утре против комарци ќе се прска од земја. Општината преку овластена фирма ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците, а во периодот од 01 до 07 часот.
„Со дезинсекција ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територија на општината, урбаните населби и локалитети. Запрашувањето ќе се врши со апаратура за УЛВ ладно запрашување.“ – стои во писменото соопштение од Општина Штип.
Во случај на неповолни услови, како ветар, дожд и сл., дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден, а се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ребека Спасова М-Нет