
Пред три дена започна денеска веќе се постави тартан подлогата во спортското игралиште во штипски Караорман. По барање на жителите се реагираше и во овој дел од градот, за што се издвоија околу два милиони денари пари од страна на Општина Штип. Според градоначалникот Јорданов ова игралиште ќе биде од големо значење за овдешните жители и се надева дека ќе се користи и во иднина.
„По барање на жителите од населба Караорман деновиве се започна со поставување на специјализирана тартан подлога, на постоечкото спортско игралиште. Станува збор за инвестиција на Општина Штип, нешто над два милиони денари, вкупната површина на тартан подлогата е 900 метри квадратни. Ова игралиште било доста користено и затоа неопходно беше да биде реконструирано“ – вели Јорданов.
И додека жителите од населба Караорман добија ново игралиште за само три дена, оние во Пребег сѐ уште немаат детско гралиште. Извадени се сите реквизити и веќе трет месец игралиштето стои празно. Јорданов вели се решавале имотно правни проблеми.
„Деновиве кои ќе следат, со оглед на тоа дека имавме нерешени имотно правни проблмеи, сега се решени и се очекува да се започне со поставување на вештачка трева, ќе се постават детски реквизити, осветлување и во наредните денови очекува истото да се пушти во функција“ – додава Јорданов.
Во наредниот период ќе бидат асфалтирани неколку краци и улици во населба Караорман, а Јорданов очекува до крајот на неговиот мандат да бидат реконструирани сите улици. Истовремено се работи и на реконструкција на салата во населба Караорман.
Лаура Стојанова М-Нет