Во тешки услови комбајните влегоа во нивите во кочанско, во тек е жетвата на оризот

Комбајите веќе работат по нивите во кочанско, во тек е жетвата на оризот. Но временските услови ја отежнуваат жетвата, бидејќи дожд ја кочи работата во наредните пет дена. Оризопроизводителите децидени дека приносите се мали, а проблем е и што нема каде да се суши оризот.

„Жетвата се одвива во тешки услови и ако еден ден заврне пет ден не се жнее., а со тоа и приносите се мали, нема каде да се суши, не се откупува оризот. Сега за сега 10% од површините се само ожнеани.“ – вели Арсов.

Оваа година се очекуваат приноси околу 500 до 550 килограми. Има ниви во кои има поголем принос, но нивите од Жиганци до Тркање се во неповолна состојба. Причина за ова е и доцната сеидба на белото злато, па токму затоа доцни и жетвата.

„Некој регион има околу 700 килограми, ама кога ќе собереме вкупно ќе биде од околу 500 до 550 килограми. Ништо повеќе. Ние проблем имавме со касната сеидба. Нивите од Жиганци до Тркање се во многу неповолна состојба.“ – додава Арсов.

Оризарите од кочански очекуваат да започне и откупот на оризот, со што ќе се продаде старата реколта и ќе има место за новата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет