Во тек обуки за изборите на територија на Општина Штип, ќе траат до 16 октомври

Со симулација на денот на изборите, начинот на гласање се спроведуваат обуките со кои се опфатени сите избирачки одбори на територија на Општина Штип. Обуките започнаа на 25 септември и ќе траат во периодот до 16 октомври. Секој ден се реалзиираат по две обуки со кои се опфаќаат сите активности кои треба да се спроведат на денот пред изборите и на самите избори.

„Обуките започнаа од 25 септември, опфатени се сите избирачки одбори на територија на Општина Штип. Секој ден се одржуваат по две обуки од 10 часот и од 14 часот. Посетеноста е многу добра. Ги опфаќаме сите активности кои треба да се имаат како на ден пред изборите така и на денот на изборите.“ – вели Манова.

Во обуките се вклучени сите лица кои ќе бидат дел од избирачкиот процес на 19 октомври.

„Во обуките се вклучени, сите лица, сите членови на избирачките одбори. Обуките ќе траат до 16 октомври.“ – додава Манова.

Со помош на обуките кои се спроведуваат речиси еден месец, лицата вклучени во изборниот процес се учат на сите активности со цел изборниот ден да помине без проблеми.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет