
Втор ден изборна кампања, кандидатите за градоначалници во општините започнаа со преставување на своите програми и проекти. Осмите по ред Локални избори се закажани за 19 октомври, а најголем дел од анкетираните граани на терен во Штип велат дека ќе го исполнат своето демократско право на глас.
Дали ќе има промени или не ќе се констатира по изборите, но најголем дел од граѓаните очекуваат работите да се променат на подобро. Велат дека во фокус треба да бидат платите и пензиите, нови центри за децата со попречености, инфрастурктура и слично.
„Па ние се надеваме да биде поубава државата, но нека има за младите. “ – додаваат граѓаните.
На овие Локлани избори ќе се гласа во 80 општини, за 309 кандидати за градоначалници. Во општините од Истокот ќе се гласа во 12 општини за 39 кандидати за градоначалници и 81 советничка листа.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет