Во среда во Штип ќе се прска против комарци

Општина Штип во среда ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

„На ден 3.8.2022 година (среда – наутро), Општина Штип преку овластена фирма на територијата на општина Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по теченијата на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.“ – се вели во соопштението на Општината.

Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.