Во сабота ќе се одржи акцијата „45 години Плачковица“, подготовките завршени

Викендов ќе се одржи акцијата „45 години Плачковица“. Свеченоста започнува во сабота во 10 часот во Карбинци, од каде присутните ќе се упатат кон локалитетот Баргала, а ќе се посети и спомен собата на Киро Глигоров. Веќе во 14 часот е закажана изложба на фотографии во Дом на млади Штип.

„На 16 септември, во сабота ќе се организира свеченост по повод 45 години од акцијата „Плачковица 76 / 78“. Иницијатива за овој проект произлезе од младинската организација, а идејата беше прифатена од Собранието. “ – вели Цацков.

Преку настани на отворено, акции во државата и странство, но и вклучување на младите се работи на основнта цел на здружението, а тоа е да им се помага на луѓето без протоа да се оствари било каква финансиска или материјална корист.

„Основната цел на ова здружение кое работи под мотото „Позитивното да не се заборави“ е негување на традицијата на акцијаштвотото од минатото, а воедно да се работи на промоција на идејата за волонтеризам. Она што човек може да му го пружи на човека е да се работи да се помага бев финансиска или материјална придобивка“ – вели Атанасовска.

Радува фактот што расте бројот на млади волонтери кои се приклучуваат и се дел од здружението на акцијаши.

„Имам учествувано во повеќе волонтерски акции. Во оваа прилика сакам да ги поканам сите волонтери да бидат дел од акцијата која ќе се спорведе во сабота на 16 септември“ – кажа Петрова.

Членовите на здружението на акцијаши Штип се дел од средби и настани кои се одржуваат постојано во текот на годината, се оставруваат меѓуопштински сорбаотки, но и манифестации со меѓународен карактер.

Лаура Стојанова М-Нет