
По повод одбележување на Европскиот ден на мобилност и Денот без автомобили, околу двесте велосипедисти од Кочани ја поминаа 15-километарската „Патека на оризот“, на велосипедската тура од Кочани, преку селата Грдовци, Мојанци,Долни и Горни Подлог.
Во присуство на угледни и почесни гости велосипедската тура беше повод да биде промовирано завршувањето на проектот за патно поврзување на трите села Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци, како и јавното осветлување на оваа делница.
За учесниците на настанот организаторот на велосипедската тура обезбеди закуска со специјалитети од кочански ориз и традиционална храна, во дворот на манастирот „Св. Јован Оспечен“ во селото Горни Подлог.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk