Во Истокот ВМРО ДПМНЕ доби градоначалници во четири општини меѓу кои и во Кочани, СДСМ во две

Доктор Владко Грозданов е новиот градоначалник на Општина Кочани. Тој победата ја издвои со 7386 гласови, 1454 гласови повеќе од неговиот противкандидат, независниот Венко Крстевски кој освои 5914 гласови. Истакна дека победата е на цело Кочани и дека се продолжува со работа за иднината на градот.

„И покрај се што се случи во Кочани, Кочани го одбрани своето достоинство. Покажа дека е со иднина, со желба за мир и просперитет. Ова не е моја победа ова е победа за нацијата, ова е победа за сите нас. Од утре продолжувме сите заедно кон нови просперитети, за иднината за повторно раѓање на Кочани.“ – вели Грозданов.

Со прослава на плоштадот во Виница својта победа ја прослави и Митко Костадиновски. Тој победи со 4449 гласови, пред неговиот противкандидат Гоце Милевски кој ја доби довербата од 3320 избирачи.

„Оваа победа за мене лично значи многу бидејќи сум човек кој не губи. Имаме реална програма, со многу проекти, што во наредните четири години ќе бидат реализирани“ – вели Костадиновски.

Со 52 гласа повеќе победата ја однесе и Јорданче Костадинов во Општина Чешиново Облешево. Тој освои 1642 гласа, а неговиот противкандидат Горанчо Крстев 1590. Костадинов истакна дека граѓаните го направиле вистинскиот избор за свој градоначлник.

„Граѓаните од мојта општина го избраа вистинскиот човек кој ќе се грижи за нив. Ќе работиме на проблемите со водоснабдувањето, со канализацијата и други поситни и покрупи проекти“ – вели Костадинов.

Во Општина Пробиштип победи Тони Тоневски со освоени 4163 гласа, пред Драган Анастасов Ладич, кој освои 4134 чласа.

Во општините од Истокот Македонска Каменица и Зрновци добија градоначалници од СДСМ. Соња Стаменкова го победи Димчо Атанасовски со 32 гласа повеќе, а Ванчо Митев го победи Борчо Коцев во Зрновци со разлика од само 12 гласа.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет