
И во новата сезона гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност преку директни преноси да ги проследат фудбалските возбудавања од Втората македонска фудбалска лига. И во новата сезона ќе продолжиме со отворени студија, гости, анализи, разговори, како и комплетни статистики за натпреварите. Утре ќе бидат одиграни натпревари од првото воведно коло, а на спортскиот канал М Нет Спорт ќе имате можност да го проследите натпреварот меѓу Осогово и Вардар Неготино.
Во новата сезона „жетварите“ влегуваат со главна цел, а тоа е директен и сигурен опстанок многу порано, со цел да не се повтори ланската сезона кога Осогово во последното коло го потврди опстанокот, од друга страна Вардар Неготино во новата сезона е во изменет лик со млади играчи и влегува со цел во најмала рака да го повтори ланскиот успех.
Неизвесен и израмнет меч се очекува во Кочани, каде главен судија ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево.
Преносот од натпреварот во Кочани ќе започне во 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет