Во ЖИВО на М Нет Спорт: Мега-пресметката за Втора лига, Шкендија Арачиново – Куманово

Овој викенд се играат натпреварите од 17. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, а дербито на колото го играат Шкендија Арачиново и Куманово во директна дерби пресметка за првото место кое води во баражот за Втората македонска фудбалска лига, мега-дерби кое ќе може да го следите во живо преку директен пренос на спортскиот канал М Нет Спорт, во недела со почеток од 15 часот.

Второпласираната Шкендија е без право на грешка во овој дерби-меч од капитална важност против лидерто Куманово кој има четири бода залиха во однос на противникот од Арачиново.

Ова ќе биде дерби на колото, но и дерби кое многу веројатно може и да го одлучи шампионот во Трета лиаг – Север и патникот во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Куманово е лидер на табелата со 43 бодови на своето конто и скор од 14 победи, едно реми и еден пораз, од друга страна Шкендија е втора со 39 бодови на своето конто, скор од 13 победи и три порази.

Во првото меѓусебно соочување кое се одигра во Доброшане на 8. октомври во рамки на 4. коло Куманово беше подобра со 2:1 во пресметката со Шкендија. На тој меч Шкендија на полувреме имаше предност од 0:1 со голот на Адем Саити постигнат во 12. минута, а Куманово во вториот дел направи пресврт, откако Перица Стојановски погоди во 49. минута за 1:1, а во финишот на мечот Гоце Насковски постигна гол за конечни 2:1 во 82. минута со што трите бодови останаа дома.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност во живо преку директен пренос да ја проследат оваа мега-пресметка која ќе се емитува на спортскиот канал М Нет Спорт во недела со почеток од 15 часот.

Шкендија Арачиново на теренот на Фортуна ќе го предизвикува лидерот Куманово во битката за трите бодови.

Александар Ванев, М-Нет